Зимата е при крај – Пливајте за подобри и побрзи резултати!

Блог

Напишано од Vane Markoski

24 февруари, 2021

Сите знаат дека пливањето е одличен тренинг. И во текот на зимата, пливањето е актуелен спорт без оглед на студеното време. Со пливањето го развивате целото тело, затоа без изговори, започнете веднаш!

Пливајте за подобри и побрзи резултати!

Особено голема е ползата од пливањето за срцето, бидејќи по време на оваа физичка активност се подобрува апсорбцијата на кислород од страна на организмот. Пливањето позитивно делува и на самодовербата, среќата и расположението. Но, видете какви уште ползи за здравјето и убавината на телото можете да извлечете од овој воден спорт.

Обликување на рамениците и рацете – ова е особено важно за жените, бидејќи со тек на време тонусот на рацете попушта, па не изгледа воопшто пријатно и убаво опуштена кожа кога сте облечени во облека без ракави.

Оформување на половината – пливањето е најдобрата вежба за оформување на половината. Ако вашата цел е да намалите килограми, пливањето е вистинскиот избор, бидејќи за еден час согорувате исто толку калории како трчање 10 километри за истото време.

Затегање на задникот – додека пливате можеби нема да забележите дека ги активирате бедрените мускули и глутеусот. Резултатот ќе го забележите покасно, кога ќе облечете нешто припиено за телото. Обликот на нозете – со пливање ќе постигнете добро оформени и стројни нозе. Вежбите во вода се особено полезни за луѓето со проширени вени.

Без оглед на времето надвор, вие и во текот на зимата можете да пливате, посетете го нашиот базен и уживајте во пливањето. Јадете пред се овошје и зеленчук и многу пливајте. Придржувајќи се на ваков режим, нема да ве препознаат до почетокот на летото!

Слични објави

НАЈДОБАР ПОДАРОК

НАЈДОБАР ПОДАРОК

Подарок-картичките се елегантно решение кога треба да одберете подарок за сечиј вкус и комплетно задоволство....