Апликација
за дигитално
членство

Оваа апликација ви обезбедува дневни блогови и ажурирања, дополнително дигитална членска картичка, која ви овозможува директно да резервирате сесии за која било од нашите услуги без да мора да носите ништо друго освен вашиот телефон на себе!

Како Функционира?

Чекор 1:

Преземи ја апликацијата од платформата за вашиот паметен уред, одкако таа ќе се инсталира отворете ја и ќе бидете пречекани со овој екран!

Со кликање на глобусот во горниот десен дел на екранот можете да го промените јазикот на апликацијата во македонски.

Потоа за да продолжите кликнете на “Create” / “Креирај”.

Чекор 2:

Ќе бидете пречекани со слединов екран, каде што можете да го креирате вашиот Sky Wellness профил. Продолжете со внесување на корисничко име, електронска пошта и потоа лозинка.

Прочитајте ја политиката за користење со кликаќње на “terms” / “услови”  и доколку се согласувате штиклираште го полето.

По самото штиклирање кликнете го дугмето “Create” / “Креирај” .

Чекор 3:

Ќе бидете пречекани од овој екран каде што можете да ги прочитате сите последни новости и блогови. Секоја битна информација ќе биде прикчена на почетокот.

 

Доколку сакате подетално да прочитате за дадените објави само кликнете на посакуваниот модул.

За влез во теретаната, кликнете на иконката со картичка во долната навигациска лента.

Чекор 4:

Откако ќе пристигнете во овој дел од апликацијата, доколку сте направиле онлајн уплата (на нашиот вебсајт, можете и директно од апликацијата со кликање на “renew” / “обнови”) автомтски ќе ви биде внесен во системот.

Доколку сте имале уплата од претходно, известете го вработениот персонал на рецепција каде ќе ви ја пренесат старата уплата во системот.

Процедурата за нови членови е иста, при што уплата можете да извршите на рецепција или онлајн.

По изврпената уплата, упатете се код вратата при што го приложувате баркодот на скенерот додека не направи звук и ќе ви биде одобрен влезот.

Започни сега!