Што треба да јадете пред тренингот?
Банани – идеален извор на јаглехидрати. Покрај тоа прилично долго го одржуваат чувството на ситост, а тоа е добра гаранција дека телото добро ќе го поднесе тренингот.
Домати – одличен извор на калиум, кој го спречува заморот на мускулите.
Јаткасти плодови – преполни со влакна кои овозможуваат долготраен извор на енергија и притоа не го оптоваруваат системот за варење.
Интегрални житарки од цело зрно и овесна каша- содржат влакна, но и витамин Б кој активно учествува во процесот на искористување на енергијата од организмот.
Путер од кикирики – се препорачува заради енергијата која ќе ви ја даде, само не претерувајте со количината. 2 лажички се сосема доволни.