КИРАЏИЕВ: Може се да застане, но спортот не смее!
Постојано се обидуваме да го најдеме клучот за излегување од оваа пандемиска криза. Го знаеме, а упорно го игнорираме. Спортот е клучот. Пред пандемијата, за време на пандемијата, после пандемијата. Мал милион истражувања се изведени на тема спортот и здравјето и не знам како одговорните го замислуваат тоа на нивниот начин – да го парализираат спортот, на сметка на здрава нација и заштита од вирусот. Може СЕ’ да застане, но спортот не смее! Постоел за време на сите претходни големи светски пандемии, постоел за време на војни, треба да се разбере суштината зошто спортот мора да живее, а не да се ‘замрзне’ и стави во мирување. Преку трчањето ќе ги добиете сите потребни бенифити. Трчање на отворено, без групирање, трчајте за почеток умерена кратка релација. Не гледајте на саатот. Како ќе поминува времето и конзистентноста во трчањето, така ќе расте вашата форма, ќе растат брзините, а ќе расте и количината на километри. Трчајте на почеток на пример по 2, 3, 5км, 3 пати во неделата. И следете ја на почеток генералната формула – зголемување на неделната километража за отприлика 10%. Еве и еден ‘хинт’ кој сите го знаат, а никој не го знае: Трчајте наутро пред работа/училиште, комплетно на празен стомак. За бенифитите имам многу долго да пишувам. А доколку некој сериозно загризе во трчањето, тука е највредниот македонски маратонски тим, Kiradjiev Training Systems. Обратете ни се во секое време, да го трасираме заеднички патот кон здравјето, резултатите и генералното задоволство на телото и умот.
Александар Кираџиев