• Не е потребен талент за трчање.

Колку и да мислиме дека не сме талентирани и физички предодредени да спортуваме – ние ги кршиме тие предрасуди, бидејќи не ни е потребен талент за трчање. Единствено што е потребно е резултати. Почетокот е најтежок, но не заборавајте – само треба да го направите тој чекор напред и да не ја изгубиме мотивацијата.

  • Напредокот во трчањето е видлив.

Кога конечно ќе одлучите и започенете да трчате редовно, резултатите сигурно ќе ги приметите. Кога трчате редовно, можете да чувствувате напредок секој ден

  • Додека трчаме не размислуваме за проблеми.

Во моментот кога ќе ги облечеме омилените патики за трчање, ќе ги ставиме слушалките, ќе ја пуштиме омилената плејлиста и ќе почеме да трчаме – фокусот е само на патеката. Нема грижи и проблеми тогаш – само ние, целта и патеката.

  • Трчањето секогаш ни поставува предизвици.

Натпреварувачкиот дух и адреналинот повеќето тркачи едноставно ги мотивира да постават нови цели и да ги поместуваат границите. Во исто време, повеќето тркачи не сакаат да стагнираат – така, за нив, секој нов ден е нов предизвик на патеката. Таа енергија што нѐ движи напред е всушност најдобрата страна на трчањето, но и на другите спортски активности.

  • Трчањето позитивно влијае на расположението и здравјето

Заеднички заклучок на многу студии е дека дури 5 минути трчање на ден ги подобрува функциите на мозокот и кардиоваскуларниот систем.

Слични објави

-30% OFF PEAK Понуда

-30% OFF PEAK Понуда

⚠️ -30% OFF PEAKВежбајте во фитнес и релаксирајте се во спа на 30% попуст со ограничено време. Понеделник-Петок /...

НАЈДОБАР ПОДАРОК

НАЈДОБАР ПОДАРОК

Подарок-картичките се елегантно решение кога треба да одберете подарок за сечиј вкус и комплетно задоволство....