Витамин Ц – чувар на имунитетот

Секојдневните и напорни тренинзи ги исцрпуваат залихите на одредени витамини и минерали, но нашето тело ни дава одредени сигнали кои укажуваат на тоа. Наше е да ги препознаеме и на време да реагираме за да не дојде до поголем дефицит. Еден од поважните витамини за нашето здравје е витаминот Ц.
Овој витамин најмногу го има во овошјето и зеленчукот. Истражувањата покажуваат дека околу 10-20% од возрасните внесуваат доволна количина од овој витамин на дневна база преку исхраната. Овој витамин е важен за синтеза на колаген и карнитин,а учествува и во метаболизмот на масните киселини.

Незаменлив е во процесот на регенерација на ткивата, крвните клетки, коските и забите. Витаминот Ц ја зголемува фагоцитната моќ на фагоцитите што помага во полесна борба против инфекции и настинки.

Дневните потреби за витамин Ц варираат во зависност од возраста, но сепак и да земате суплементи кои содржат витамин Ц тешко е да се предозирате затоа што овој витамин спаѓа во групата на хидросолубилни витамини и вишокот ефикасно се исфрла преку бубрезите.

Слични објави